ВАТРОСТАЛНА ДОО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА
ВАТРОСТАЛНА ДОО Скопје, како оспособена и стручна организација е активен учесник во сите ремонти во РЕК БИТОЛА, ТЕЦ ОСЛОМЕЈ, ФЕНИ ИНДУСТРИ, ТОПИЛНИЦА ВЕЛЕС, ЈУГОХРОМ, ЕВРОПА, АЛКАЛОИД, Рафинерија Окта - Скопје, Цементарница Титан – Скопје и други фирми...
Duna Drava Cement - Vac, Унгарија
- Демонтажа и вградување на огноотпорен материјал на проектот за модернизација на цементарата
ФЕНИ Индустри, Кавадарци
- Комплетен озид на постројките во фаза на инвестиции, (ЕП, ротациони печки, конвертор, казани)
- Тековно одржување во фаза на експлоатација
- Киселоотпорна заштита
- Противпожарна заштита
РЕК Битола
- Огноотпорни озиди на сите блокови (3) во инвестиција и тековно одржување на истите.
- Киселоотпорни работи и антикорозивна заштита (сите работи се со испорака на материјал)
- Изведба на хидроизолација со хидрофолија на Блок 1 и Блок2
Алкалоид Скопје
- Изведба на подови и нивна киселоотпорна заштита
- Огноотпорни работи на парни котлови
- Изведба на хидроизолација на управна зграда (без примена на премази)
- Изведба на хидроизолација на објекти во погон флексибилна локација Лафома (изведена со премази)
Рафинерија ОКТА
- Торкетирање и озид на печки
Цементарница ТИТАН
- Озид на рото печка
Европа Скопје
- Изведба на подови и нивна киселооптпорна заштита: КО плочки, КО премази на база на епоксиди, полиуретани и полистери).
- Огноотпорни работи на парни котлови
Топлификација Скопје
- Огноотпорни работи на парни котлови
- Санација на оџаци
Фероникел Глоговац, Косово
- Инвестициона изградба, генерални ремонти (електро и рото печки) и комплено огноотпорно одржување на сите постројки од огноотпорен аспект, вклучувајќи избор од почеток на работа на фабриката
РТБ БОР
- Комплетен озид на пламена печка, патос, тело (срце) на печка
- Рамен свод реакциона шахта и uptake
- Изведување на киселоотпорни работи
- Изградба на постројки за добивање на киселина и резервоари за чување во Сушна кула, Интер пас кула, Финална кула, резервоар за сушара и резервоар на Крајната кула.
Трепча К.Митровица, Косово
- Огноотпорни работи во сите погони во ТРЕПЧА (при производство на олово и цинк)
- Киселоотпорни работи во сите погони во ТРЕПЧА
- Реконструкција на кадите за електролиза и вградување на БЕКАПЛАСТ плочки
- Пескарење и гумирање на поголем број постројки
- Санација на разни постројки
- Изведба хидроизолација врз повеќе производни објекти во вкупна површина од 5500м2 (работите се изведени со ПВЦ фолија остатокот со премази) во период од 1992 одо 1998 година
Термолектрана Обилиќ
- Огноотпорни работи на сите блокови вклучувајќи и испорака на огноотпорни материјали
- Киселоотпорна и антикорозивна заштита
СР Германија
- Изведба на киселотпорни работи во неколку термоелектрани во Германија, преку фирмата KERAMCHEMI I STEULER
- Изведба на киселоотпорни работи преку фирмата VESTERVAL
- Изведба на работи преку германски фирми во трети земји
Рек Кичево
- Огноотпорен озид при тековно одржување на постројките
- Киселоотпорна заштита: Поставување на киселоотпорни плочки, во поголем број на објекти
- Пескарење и гумирање на одреден број агрегати
- Монолитни киселоотпорни премази
- Изведба на хидро и топлотна изолација
- Ремонт и санација на оџаци