­

ВАТРОСТАЛНА ДОО Скопје

ЗА НАС...

КОИ СМЕ НИЕ

Ватростална ДОО Скопје, формирана е 1975-та година, а настанала од Ватростална Зеница (формирана 1963-та година), која во тоа време ја опфаќала територијата на поранешна Југославија. Во тоа време а и сега Ватростална Скопје ја покрива територијата на Македонија и Косово

ВАТРОСТАЛНА ДОО е стручна и овластена фирма за изведба на специјализирани работи во индустријата (индустриски постројки), изведба на секаков вид хидроизолации со примена на најсоврени материјали (фолии, премази), заштита од пожари и други работи во градежништвото.

Специјализацијата за изведба на сложени топлотехнички агрегати во електростопанството, металургијата и хемиска индустрија ја вбројува организацијата во ретките од ваков вид на овие простори.

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Седиштето на ВАТРОСТАЛНА ДОО е во Скопје. Во Македонија фирмата вработува 153 лица (8 дипломирани инженери, 6 техничари, 66 високо квалификувани зидари, 36 квалификувани зидари)

Во Скопје постои техничко биро кое врши инженеринг услуги и комерцијално техничко биро кое врши избор, снабдување и испорака на огноотпорни, киселоотпорни и останати материјали под најповолни услови.

Ватростална е ексклузивен застапник на неколку Европски фирми за производство на огноотпорни и киселоотпорни материјали.

Кадровската опременост, долгогодишното искуство како и познавањето на топлотехничките агрегати е предуслов за нашето добро работење.

Во текот на 2013-та година за нашата професионална работа добивме и посебно призание од SNC LAVALIN – International Inc. Branch кои се инвеститори во фабриката за сулфурна киселина во БОР и STEULER_KCH GmbH кои беа наши надзори. Истоа така во 2013-та го завршивме и генералниот ремонт во Термоелектраната во Битола каде носител на работата беше германската компанија BABCOCK Borsig Steinmuller Gbh-Obrhasen-Germany, од каде добивме пофалби и признанија за успешно и навремено завршена работа